Министерството за земјоделство презентираше два проекта кои ќе помогнат во усвојување и спроведување на европското законодавство особено во делот на пазарите за земјоделски производи како и дизајнирање на функционален интегриран систем за регистрирање и контрола на земјоделските парцели. Треба да се продолжи со развојот на административниот и управувачкиот капацитет за управување со фондовите од ЕУ и оние кои ќе бидат достапни за земјоделците по пристапот во Европската Унија. Тој вели дека резултатите од финансиската помош од ИПА програмата ќе му помогне на земјоделскиот сектор во Македонија да гo подобри функционирањето во ЕУ и на интернационални пазари. Целта ќе биде да се подобри ефикасноста на земјоделската политика односно проценка на сегашната состојба во земјоделството, а тоа ќе помогне во преговорите за членство во ЕУ, втора цел е управување со земјиштето што ќе ја подобри ефикасноста на администрацијата при субвенциите на земјоделството.
Министерството за земјоделство презентираше два проекта кои ќе помогнат во усвојување и спроведување на европското законодавство особено во делот на пазарите за земјоделски производи како и дизајнирање на функционален интегриран систем за регистрирање и контрола на земјоделските парцели.
„Треба да се продолжи со развојот на административниот и управувачкиот капацитет за управување со фондовите од ЕУ и оние кои ќе бидат достапни за земјоделците по пристапот во Европската Унија“, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере.
Тој вели дека резултатите од финансиската помош од ИПА програмата ќе му помогне на земјоделскиот сектор во Македонија да гo подобри функционирањето во ЕУ и на интернационални пазари.
„Целта ќе биде да се подобри ефикасноста на земјоделската политика односно проценка на сегашната состојба во земјоделството, а тоа ќе помогне во преговорите за членство во ЕУ, втора цел е управување со земјиштето што ќе ја подобри ефикасноста на администрацијата при субвенциите на земјоделството“, рече Хумфреј Абот, водач на проектот.
Тој вели дека референтните парцели ќе бидат дигитализирани врз основа на воздушни снимки, а не врз основа на катастарски податоци и автоматски ќе се пресметува површината со што земјоделецот кога ќе бара субвенции тешко ќе може да пријави поголема површина од суштинската.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски рече дека во делот на земјоделството се усвоени сет на закони со што се доближивме до легислативата на ЕУ,
„Досега се изгласани околу 70 подзаконски акти, остануваат помалу од 20 подзаконски акти кои сме обврзани да ги донесеме до крајот на годината, министерството на успешен начин се доближува до европското законодавство“, изјави Димовски.
За поддршка на земјоделство со финансиската проекција на ИПАРД 2007 – 2010 предвидени се повеќе од 31 милиони евра, а двата нови проекта ќе изнесуваат 1,5 милијарди евра.